Дрвото е природен жив материјал така што тоа секогаш се прилагодува на условите кој што владеат во просторот. Наглите и големи промени на температурата и релативната влажност на воздухот во една просторија доведуваат до кривење или собирање на паркетот, без разлика на тоа што поставениот паркет пред тоа го поминал третманот на сушење и е доведен до сувост според пропишаните стандарди. Тоа е сосема природна појава и не може да се избегне. Со тек на време може да се забележат на паркетот траги од употреба (живеење на паркетот, отворени процепи и набабреност), тогаш едноставно паркетот може да се преструга и прелакира.
За да се избегнат несаканите последици еве неколку корисни совети за чистење и одржување на паркетот:
- За редовно чистење користете вакум правосмукалка или памучни крпи кои привлекуваат прашина
- Паркетот одржувајте го со сува или добро исцедена крпа со средства наменети за одржување на паркет
- Рокот на траење на лакот и неговиот сјај може да се продолжи ако повремено се премачкува со восок емулзија или слични благи средства за одржување на паркетот.
- Одржувајте ја температурата на просторијата помеѓу 18% и 22% во текот на целата година.
- Релативната влажност на просторот мора да се одржува помеѓу 45%-60% таа треба да бире константна и во зимо и во лето. Поголема количина на влажност во просторот може да доведе до дигање на паркетот од подлогата, додека пак ниска влажност во просторот допринесува за собирање и појава на пукнатини.
Во текот на зимскиот период во сезона на греење потребно е да се контролира релативната влажност на просторот и во зависност од потребите да се користат навлажнувачи на просторот како би се задржала посакуваната количина на релативна влажност на воздухот.
Во текот на почетниот период после монтажата на паркетот, треба да се избегнува ставање на теписи или некои други прекривки врз паркетот за да се избегнат разликите во оксидација и промена на бојата на дрвото. Потребно е да се спречи директна изложеност на паркетот на сончева светлост, Изборот на хемиски средства за чистење на лакиран паркет зависи од типот на лакот со кој паркетот е премачкан, прејаки средства може да допринесат за матирање на сјајноста на лакот со кој е премачкан паркетот. Механичките оштетувања на паркетот можно е да се избегнат така што на ногарките од столчињата и масите се стават штитници од фили, при влечење и помрднување да не дојде до негово оштетување, како и ставање на теписонче пред влезната врата да се спречи или намали евентуалниот внес на песок или земја.
Некои дамки на лакираната површина на паркетот избришете ги со влажна крпа, ако е потребно употребете и благи средства за чистење кои се употребуваат во домаќинството. Немојте да ги изложувате лакираните подови долго на влага и вода бидејќи влагата може да продре во дрвото и да го оштети. Не препорачуваме триење на подот со груба четка или со јаки и груби средства за чистење затоа што истите може да го оштетат лакот.